Дома Фудбал Барселона ги објави броевите на фудбалерите за новата сезона

Барселона ги објави броевите на фудбалерите за новата сезона

Со натпреварот помеѓу Барселона и Јувентус во рамките од од купот „Жоан Гампер“ ќе биде отворена новата сезона на „Камп Ноу“.

Каталонскиот клуб денес ги објави броевите на фудбалерите за новата сезона, иако имаат уште една недела време официјално да ги потврдат.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Најголемото засилување Мемфис Депај ќе ја носи „деветката“ која му припаѓаше на Брајтвајт. Данецот привремено зема „12-ка“ и се очекува да го напушти клубот. Бројот 12 го носеше Рики Пуиг кој од сега ќе носи „шестка“, тој го наследи од Карлес Алења.

Нов број има и Ансу Фати кој „22-ката“ ја препушти на Емерсон и зема „17-ка“ која се ослободи откако Тринкао премина во Вулвс.

Кун Агуеро ќе игра со „19-ка“ додека Ерик Гарсија и Оскар Мингеза се на олимписките игри и броевите ќе ги добијат после враќањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни ги посочи Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба како пример за неправилната трансферна политика на Манчестер Јунајтед

Вејн Руни смета дека Пол Погба е меѓу трите најчудни засилувања на Манчестер Јунајтед пред…