Дома Фудбал Англија Барселона бесна на Кутињо!?

Барселона бесна на Кутињо!?

Иако нема доказ дека тоа навистина го рекол, една изјава на Кутињо предозвика многу контроверзи во шпанските медиуми.

Имено, Кутињо наводно изјавил дека жали што заминал од Ливерпул во јануари и дека според него подобро би било трансферот да се реализирал во јуни.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Тоа ги налути луѓето од Барселона кои веруваат дека со тоа му е нанесена штета на имиџот на клубот.

Бразилецот смета дека би било подобро да останел до лето на „Енфилд“ бидејќи на Барса не можеше да и помогне во Лигата на шампиони.

Кутињо пристигна на Камп Ноу во јануари и освои два трофеи, а никогаш не криел дека играњето за Барса е остварување на неговиот сон.

И додека „црвените“ се припремаат за финалето во Киев, Кутињо жали што не останал на „Енфилд“ до крајот на сезоната.

Едно е сигурно, на Ливерпул и не му достасуваше многу…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хојлунд во проблем, вмешан во менаџерски скандал!

Неколку играчи на Манчестер Јунајтед се свртеа против Расмус Хојлунд откако данскиот напаѓ…