Дома Трансфер зона Барса спрема револуција – го носи директорското дуо од Јувентус!?

Барса спрема револуција – го носи директорското дуо од Јувентус!?

Баселона следното лето би можела комплетно да го промени своето лице, па покрај враќањето на Лапорта на претседателската функција, би можело да пристигне и директорското дуо од Јувентус, Марота – Паратичи.

Големите трансфер промашувања и лошата трансфер политика од претходните години ќе значи дека комплетниот спортски дел предводен од директорот Фернандез ќе мора да замине.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Како што пренесуваат каталонските медиуми, Лапорта, кој е најсериозен кандидат за претседател, сака да го донесе директорското дуо од Јувентус, Марота – Паратичи.

Марота и Паратичи се архитекти на овој Јувентус, а познати се по тоа што не трошат многу пари за доведување на играчи, односно играчите ги плаќаат според нивната реална вредност.

Паратичи важи за еден од најдобрите скаути во Европа и откривање на млади таленти, па Барселона со ова директорско дуо комплетно ќе го промени системот на работење.

Двајцата се во Јувентус веќе седум години, откако дојде на претседателската функција Андреа Ањели, кој денес беше именуван за претседател на Фудбалската асоцијација на клубови.

Италијанските медиуми тврдат дека понудата од Барселона ќе ги заинтригира директорите и многу е веројатно дека ќе прифатат да се преселат на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…