Дома Трансфер зона Барса се откажува од Нејмар и со луда понуда тргнува по Мбапе!?

Барса се откажува од Нејмар и со луда понуда тргнува по Мбапе!?

Шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ прнесува дека Барселона спремила неверојатна понуда за Килијан Мбапе.

Цело лето Барселона се обидуваше да го доведе Нејмар кој на крајот остана во ПСЖ каде што игра од пред две години кога пристигна за сума од 222 милиони евра токму од редовите на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време траеше сагата, Нејмар и покажа дека сака да се врати во Каталонија. Сепак, на крајот клубовите не успеаа да пронајдат договор според кој Бразилецот би се вратил во поранешниот клуб.

Поради таквата ситуација Шпанците сега најавуваат дека Барселона се свртила кон Мбапе и за него наводно се спремни да понудат 120 милиони евра, плус Антоан Гризман и Осман Дембеле. Ќе потсетиме, за да ги доведат Гризман и Демебеле луѓето во Барселона платија повеќе од 200 милиони евра.

Договорот на Мбапе со ПСЖ има важност до 2022 година и подолго време се поврзува со Реал. Зидан за него неодамна зборуваше дека Мбапе е фудбалер по негов вкус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…