Фудбалерите на Барселона после три месеци повторно ќе одиграат натпревар во Ла Лига.
Ла Лига ќе продолжи на 11. јуни со натпреварот помеѓу Севиља и Бетис, а Барселона на теренот ќе истрча два дена подоцна кога гостува кај Мајорка. Каталонците се спремаат во полна пареа, а после подолга пауза денес конечно тренираа на „Ноу Камп“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во клубот одлучија да одработат тренинг на главниот терен. Она што посебно ги радува навивачите е што Лионел Меси тренираше.
Аргентинецот во претходните денови не тренираше поради повреда, но изгледа дека се е во ред. Меси и Семедо тренираа одвоено од остатокот на екипата според посебна програма, но се очекува да бидат спремни за натпреварот против Мајорка.