Поради повреда на препоните, Лионел Меси го пропушти дуелот на Аргентина против Мароко.
Меси во петокот играше во Мадрид пријателски натпревар против Венецуела, во кој Аргентина беше шокантно поразена со 3:1, а се очекуваше дека ќе игра и во Мароко.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, беше објавено дека Меси има лесна повреда на препоните и беше одлучено да не се ризикува, односно да не патува за Мароко туку да се врати во Барселона.
Се појави страв меѓу навивачите на Барса, но сега е многу полесно со оглед дека Аргентинецот почна да тренира со екипата и јасно е дека ќе биде спремен за новите предизвици.
Тој вчера го одработи попладневниот тренинг, па соиграчите, тренерите, но и навивачите на шпанскиот клуб имаат причина за задоволство.
Барса викендов ја очекува градското дерби против Еспањол, а три дена покасно игра против Виљареал.