Антоан Гризман во наредните денови би требало официјлано да стане нов член на Барселона.
Каталонскиот гигант наскоро (веројатно во текот на наредната недела) ќе ја плати клазулата која ја бара Атлетико во износ од 120 милиони евра и така Гризман ќе стане играч на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа навивачите на Барселона и не го сакаат премногу Французинот. Тоа стана јасно кога доби свирежи во натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико на „Ноу Камп“ минатата сезона.
Свирежите Гризман ги доби затоа што во 2018 година ја одби Барселона.
Тогаш Гризман покажа голема љубов и потпиша нов договор со Атлетико.
Со таквиот потег стана непожелен помеѓу навивачите на Барселона и поради тоа во клубот одлучиле да не биде претставен на „Ноу Камп“.
Барса од безбедносни причини кон Гризман нема да организира дочека на самиот терен и Французинот ќе биде преставен само во просториите на клубот.
Гризман во претходните пет години го носеше дресот на Атлетико.