Дома Топ вести Барса не го дава Меси без пари, можна е трампа со Сити

Барса не го дава Меси без пари, можна е трампа со Сити

Лионел Меси е главна тема во спортските медиуми откако официјално побара да ја напушти Барселона.

Меси преку своите правни советници испратил факс до Барселона со кој ги известил дека сака да замине како слободен играч.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, сега целата ситуација се претвара во конфликт на релација Барса – Меси, бидејќи каталонскиот клуб не сака да го пушти Аргентинецот без обештетување.

Во Барселона се сигурно дека Меси нема право на раскин на договорот бидејќи рокот за активирање на клазулата која му го овозможува тоа истекла на 30. мај.

Меси и неговиот тим пак имаат став дека тој има право да го раскине договорот во рок од седум дена после финалето во ЛШ.

Двете страни сакаат да најдат компромисно решение, а целата ситуација внимателно ја следи Манчестер Сити, кој е главен кандидат за потписот на Меси.

Имено, можно е да дојде до трампа помеѓу двата клуба така што Барселона ќе го добие потписот на Габриел Жесус, кој е голема желба на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…