Дома Трансфер зона Барса и Интер ја сакаат ѕвездата на Ајакс

Барса и Интер ја сакаат ѕвездата на Ајакс

Барселона и Интер се силно заинтересирани за левиот бек на Ајакс и аргентински репрезентативец, Николас Таљафико.

Таљафико минатата сезона одигра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти и има договор со Ајакс до 2022 година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Меѓутоа, самиот Аргентинец потврди дека сака да ја промени средината ова лето и се надева дека Ајакс нема да му стои на патот.

Таљафико треба да биде ново решение за зголемување на конкуренцијата за Жорди Алба, откако Жуниор Фирпо не ги оправда очекувањата.

Од друга страна пак Антонио Конте сака да донесе нов лев бек и Таљафико е првата желба  на италијанскиот гигант.

Ајакс за неговата слобода бара 30 милиони евра, па останува да видиме дали споменатите клубови се спремни да ја платат оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…