Дома Топ вести Барса верува дека може да ги донесе Нејмар и Лаутаро во пакет

Барса верува дека може да ги донесе Нејмар и Лаутаро во пакет

И покрај фактот што Барселона ги скрати платите за дури 70% на фудбалерите за да ја „амортизира“ кризата, сепак Каталонците веруваат дека ќе имаат голем буџет за летниот преоден рок.

Главни приоритети на Барселона  на лето ќе биде доведување на Нејмар и Лаутаро Мартинез, а за таа цел клубот е спремен да потроши повеќе од 250 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да го стави француското дуо, Дембеле – Умтити на продажба и така да финансира поголем дел од трансферите.

„Барса ќе биде активна на пазарот и ќе се обиде да ги комплетира трансферите на Нејмар и Лаутаро. Клубот има финансиски капацитет за тоа“, пренесува ексклузивно „Мундо Депортиво“.

Лаутаро се смета како идеален наследник на Луис Суарез, додека Нејмар уште од минатата година е желба на Барселона да го врати на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…