Еден од најдобрите италијански фудбалери, Николо Барела ќе остане во Интер, пренесуваат медиумите на „Чизмата“.
Фудбалерот од средниот ред на Интер најверојатно ќе остане на „Џузепе Меаца“ уште пет години, до летото 2029 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барела треба да потпише нов договор оваа недела пред почетокот на Европското првенство каде Италија ќе го брани златото.
Барела пристигна во редовите на Интер во 2020 година од Каљари и со овој клуб освои две Скудета и Куп на Италија. Според новиот договор, 27-годишниот фудбалер треба да стане најплатен во Серија А.