По отказот на Иван Јуриќ нов тренер на Горан Пандев во Џенова ќе биде искусниот италијански стратег Давиде Баларадини, кој со Македонецот, „соработуваше“ во Лацио.
Имено, Балардини беше предводник на Лацио во 2009 година кога Пандев беше во немилост на Клаудио Лотито, а сега Балардини открива дека му било наредено Пандев да биде оставен на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, во тоа време Пандев не сакаше да потпише нов договор, па токму поради тоа не добиваше минутажа, за потоа Пандев преку судот во Италија да дојде до раскинување на договорот за подоцна да премине во редовите на Интер.
Сега Балардини за италијанските медиуми открива дека со нетрпение чека да го употреби Пандев.
„И тогаш знаев дека Пандев е фантастичен фудбалер, но поради тоа што тој имаше проблеми со претседателот ми беше наредено да го оставам на клупата. Сега ситуацијата е целосно поинаква и сигурно дека ќе сметам на Горан“, изјави Балардини.