Според последните информации од Германија, Баерн Минхен напорно работи за во своите редови да го доведе Флоријан Вирц.
Новинарот Кристијан Фалк пренесува дека Баварците се подготвени да се разделат со големиот талент Пол Ванер за да дојдат до потписот на Вирц.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Ванер е 18-годишен фудбалер кој во овој момент како позајмен настапува во тимот на Хајденхајм. Гигантот од „Алијанц Арената“ е подготвен да го понуди Ванер како „мамка“ за Вирц, секако да понудата и одредена сума која нема да биде ниска.
Претходно Вирц се повзуваше со Реал Мадрид и Манчестер сити, па така на баварците нема да им биде лесно да го доведат.
Кога е Ванер во прашање тој неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите со одбивањето на повикот на Јулијан Нагелсман во сениорската репрезентација на Германија бидејќи негова желба е да го носи дресот на Австрија од каде што потекнува.