Раководството на Баерн Минхен е заинтересирано за крилниот фудбалер на Селта, Брајс Мендес, пренесува германски „Кикер“.
Баварскиот гигант е спремен да ја активира откупната клаузула за 22-годишниот фудбалер, која изнесува 25 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона Мендес постигна 6 гола и запиша 7 асистенции, па го привлече вниманието на неколку европски гиганти.
Баерн е во потрага по засилување за крилните позиции, но поради потешкотиите да дојде до потписите на Сане и Дембеле, ќе се сврти кон други цели.
Мендес е млад и перспективен фудбалер со „пристојна“ цена, па поради тоа Баварците се одлучиле да ја активираат откупната клаузула.
Reports claim that #CeltaVigo star Brais Mendez could join Bayern Munich this summer in €25m deal https://t.co/sx8vbE9JTl pic.twitter.com/2KeODCaLf3
— footballespana (@footballespana_) July 18, 2019