Баерн Минхен покажува силен интерес за ѕвездата на Милан и француски репрезентативец Тео Хенандес, пренесува „Билд“.
Баварците се во потрага по лев бек кој ќе може да биде замена за Алфонсо Дејвис, кој на лето најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тео Хернандес игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на врвот на листата желби на Баварците.
Милан не сака да се раздели со својата ѕвезда и наскоро ќе почне преговори за продолжување на договорот.
Меѓутоа, Баерн не се откажува и спрема понуда од 80 милиони евра.