Дома Топ вести Баерн се откажа, но Клоп и Ливерпул РИЗИКУВАА и тоа 150 милиони евра?!

Баерн се откажа, но Клоп и Ливерпул РИЗИКУВАА и тоа 150 милиони евра?!

Што ќе се случи ако играчот од средината на Лајпцинг се повреди?

Јирген Клоп долг период од летото помина убедувајќи го Лајпциг да го пушти Наби Кеита. Менаџерот на Ливерпул е воодушеден од фудбалерот од Гвинеја, испраќаше три понуди од кои најголемата изнесуваше 83 милиони евра. Но Лајпциг сите ги одбиваше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На крајот успеаа да се договорат Ливерпул плати помалку, но ќе го добие дури наредното лето. Клоп се согласи, плати 70 милиони евра иако Кеита според клазулата во својот договор наредното лето можеше да го напушти Лајпциг за 55 милиони евра.

Зошто Клоп толку брзаше?

Веројатно поради стравот од конкуренцијата и тоа од Барселона која се припремаше да тргне по Кеита после несупехот да го доведе Фелипе Кутињо.

Баерн исто така беше заинтересиран за Кеита сакаа да ја платата сумата од 55 милиони евра, претставниците на Кеита веќе постигнаа договор со германскиот гигант, но настанал проблем при осигурвањето во врска со евентуална повреда. Баерн сакал евентуална тешка повреда на фудбалерот во текот на сезоната да го поништи трансферот.

Тие не сакаа да ризикуваат 55 милиони евра оштета и сигурно уште толку за договор со играчот кој ќе требаше да биде однапред потпишан.

Но, затоа Ливерпул беше тука се согласи  и плати и сега ризикуваат можеби и 150 милиони евра! Толку Ливерпул ќе плати за оштетата и шестгодишниот договор на Кеита, а останува времето да покаже дали ризикот на „црвените“ ќе се исплати или пак Баерн направил добил потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…