Дома Фудбал Германија Баерн пронашол нова опција за наследник на Тухел, но биле шокирани: Треба да платат 100 милиони евра?!

Баерн пронашол нова опција за наследник на Тухел, но биле шокирани: Треба да платат 100 милиони евра?!

На Баерн Минхен тешко му оди во пронаоѓањето на нов тренер кој би требало да го наследи Томас Тухел.

Според денешните информации, последен со кој контактирал Баерн бил Оливер Гласнер!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Како што пренесуваат „Bild“ и „Sky Sport“, откако Ралф Рангник ги одбил баварците, стратегот на Кристал Палас се појавил како опција.

Директорите Макс Еберл и Кристоф Фројнд го контактирале Гласнер за да му испратат понуда за лични услови, а Австриецот во првичните разговори бил заинтересиран.

Но, сопствениците на Кристал Палас испратиле јасна порака дека ќе го ослободат Фројнд само доколку платат отштета од 100 милиони евра. Баерн наводно бил подготвен да плати 18 милиони евра за Палас да го пушти, па биле шокирани кога им била соопштена сумата од 100 милиони евра.

Фројнд работеше како тренер на Волфсбург и Ајнтрахт од Франкфурт, пред тоа раководеше со ЛАСК во својата татковина, а кариерата ја започна во РБ Салцбург.

Неговиот Палас игра добар напаѓачки фудбал, Австриецот неодамна на клупата на овој тим го замени Рој Хоџсон и тоа се покажа како вистински потег.

Претходно Баерн освен од Рагник, негативни одговори добиваше од Јулијан Нагелсман, Унаи Емери, Зинедин Зидан…Засега во игра е и екс-тренерот на гигантот од Минхен, Ханси Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…