Дома Трансфер зона Баерн по добро познат рецепт: Го купува најдоброто од Бундеслигата?

Баерн по добро познат рецепт: Го купува најдоброто од Бундеслигата?

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да дојде до потписот на Серху Гираси од редовите на Штутгарт.

Во договорот на Гираси има откупна клазула во износ од 20 милиони евра и Баерн не сака тоа да го пропушти. Зад себе Гираси има одлична сезона во Штутгарт и покрај Баерн го привлече интересот на други европски гиганти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со оглед на тоа како игра Гираси во овој момент дефинитивно сумата од 20 милиони евра за него не е премногу.

Сепак, влијание врз одлуката на Гираси може да има и тоа што во Баерн е Хари Кејн, а тоа би значело и ограничена минутажа. Освен тоа сигурно ќе се почека да се види тренерската ситуација, бидејќи „столчето“ на Тухел сериозно се тресе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…