Дома Топ вести Баерн не се откажува, руши рекорди за Кејн

Баерн не се откажува, руши рекорди за Кејн

Германскиот шампион Баерн Минхен подготви нова, најдобра понуда за капитенот на Тотенхем, Хари Кејн и не се откажува од намерата да го доведе на „Алијанц Арена“.

Тотенхем ги одби првите две понуди на Баварците од 70 и 80 милиони евра, но Баерн не се откажува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Германските медиуми пишуваат дека Баерн денеска испратил нова понуда, тешка 100 милиони евра, што е сумата која ја бара Тотенхем за негова слобода.

Раководството на Баерн во договор со тренерот Томас Тухел, ја составија трансфер-листата, на која се: Буна Сар, Александар Нибел, Јан Зомер, Марсел Сабицер, Бенџамин Павард, Садио Мане и Рајан Гравенберг.

Со продажбата на овие фудбалери Баерн сака да го финансира трансферот на англискиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…