Дома Фудбал Германија Баерн на дресот за новата сезона ќе има важна додавка 📸

Баерн на дресот за новата сезона ќе има важна додавка 📸

Баерн Минхен се наоѓа пред освојување на нова титула шампион на Германија и само чудо може да ги спречи Германците да го подигнат трофејот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новата титула за Баерн ќе биде вкупно 30. за нив во Бундеслигата. По тоа секако се рекодери во Германија и никој не им е блиску по бројот на освоени титули.

Со оваа титула Баерн ќе може да додаде и пета ѕвездичка над клупскиот грб.

Бундеслигата од сезоната 2004/2005 одлучи да воведе ѕвездички кои го означуваат бројот на титули. Баерн е далеку пред сите по бројот на титули, па 30. титула ќе им ја донесе петтата ѕвездичка на дресот.

Правилата за добивање ѕвездички во Бундеслигата:

1 ѕвезда – најмалку 3 титули

2 ѕвезди – пет титули

3 ѕвезди – 10 титули

4 ѕвезди – 20 титули

5 ѕвезди – 30 титули

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клубот го доведе бесплатно како дете: Сега е откритие на Светското првенство и вреди 50 милиони евра

Современиот фудбал сведочи на смена на генерации во која познатите имиња полека се повлеку…