Баерн Минхен испратил последна понуда Алфонс Дејвис, кој на големо се поврзува со Реал Мадрид.
Новиот спортски директор Макс Еберл во изјава за „Билд“ потврди дека клубот ја испратил последната понуда до канадскиот репрезентативец и сега се чека одговорот на фудбалерот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според „Билд“, Дејвис и неговите агенти не отстапиле од баснословните побарувања и 20 милиони евра бруто заработка, што е околу 10 милиони по сезона. Најголемата и последна понуда на Баерн не надминала 13 милиони бруто, со одредени бонуси, па така се најавува дека дека Дејвис нема да ја прифати со што се широко се отвора вратата за Реал Мадрид.
„Преговорите со неговиот агент веќе траат предолго, работиме на тоа, но сега е наш ред да го слушнеме одговорот. Реал Мадрид се уште не контактирал со нас, ниту преговарал за трансферот на Дејвис“, изјави Ебрл.