Дома Актуелно Баерн Минхен со понуда од 60 милиони евра за Шпанецот кој „експлодираше“ оваа сезона

Баерн Минхен со понуда од 60 милиони евра за Шпанецот кој „експлодираше“ оваа сезона

Баерн Минхен ова лето би можел да остане без Роберт Левандовски и во клубот се во потрага по напаѓач кој би можел да го замени полскиот голгетер.

Како што пренесува шпанска „Марка“ Баерн Минхен е заинтересиран во своите редови да го доведе фудбалерот на Валенсија, Родриго Морено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Бенфика експлодираше во дресот на шпанскиот клуб оваа сезона и е еден од најзаслужните што клубот од „Местаља“ се врати во Лигата на шампионите.

Морено постигна 16 погодоци и запиша четири асистенции, а со своите добри настапи го сврте вниманието и на шпанскиот селектор Хуан Лоптеги, одигра и три натпревари во последната година и постигна два погодоци, па се очекува да биде помеѓу патниците за Мундијалот во Русија.

Кога станува збор за оштетата наводно од Баерн се спремни да испратат понуда од 60 милиони евра и ова е понуда која се очекува да биде прифатена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…