Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.
Откако ги ангажираа Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, Челзи сака да ја донесе ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте.
Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.
Откако Баерн Минхен официјално се откажа од трката за Хаверц, Челзи е фаворит за неговиот потпис и е убеден дека ова лето може да ја комплетира зделката.
Chelsea's hopes of signing Germany midfielder Kai Havertz from Bayer Leverkusen have been boosted by Bayern Munich chief Karl-Heinz Rummenigge saying his club cannot afford a deal for the 21-year-old this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 5, 2020
(Source: Sun on Sunday) pic.twitter.com/hKGhWtDVu5