Дома Фудбал Останато Баерн има блескава иднина, а некој ќе мора да ја плати цената: За него повеќе нема место во Минхен?!

Баерн има блескава иднина, а некој ќе мора да ја плати цената: За него повеќе нема место во Минхен?!

gorecka

Изгледа во Баерн настанува „гужва“, па некој мора да замине.

Доаѓањето на Леон Горецка (договор потпишан кој ќе важи од 1 јули) би требало да значи и озбедување на иднината на гигантот од Минхен. Носителите на играта како Мануел Ноер, Роберт Левандовски, Томас Милер и Матс Хумалес се врзани со долгогодишни договори и тешко може да се верува дека некој од нив би заминал, а наскоро ќе започнат и преговори со Арјен Робен и Франк Рибери за продолжување на соработката.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, оние кои го следат Баерн добро знаат дека во клубот доаѓа огромен талас на млади фудбалери со блескава иднина, посебно во средниот ред. Тука се Кингсли Коман (21 година), Серж Гнабри (22, на позајмица во Хофенхајм до крајот на сезоната), Корентин Толисо (23), малку постарите Тиаго Алкандара (26) и Хамес Родригез (26), а потоа следуваат Николас Дорш (20), Фабијан Бенко (19)…Да потсетиме и дека од следното лето тука е Леон Горецка (22).

Oва значи дека некој мора да замине, според „Билд“  изборот паднал на Артуро Видал.

Кога оваа сезона ќе заврши Видал влегува во последната година од договорот со Баерн, па управата на клубот изгледа дека е спремна да го продаде. Првиот е од економска природа, бидејќи тоа би било последна шанса за нешто да заработат, додека вториот е спортски бидејќи со доаѓањето на Горецка минутажата на поранешниог фудбалер на Јувентус сигурно би се намалила.

 

Во продолжение погледнете како Баерн би можел да изгледа во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…