Дома Трансфер зона Баерн и Интер блиску до договор: Перишиќ останува во Минхен

Баерн и Интер блиску до договор: Перишиќ останува во Минхен

Баерн Минхен донесе конечна одлука кога е во прашање иднината на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.

Крилниот напаѓач е во сопственост на италијанскиот гигант Интер, но актуелната сезона игра како позајмен играч на „Алијанц Арена“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иако првично се тврдеше дека Баварците нема да го откупат Хрватот, сепак ја промениле одлуката и веќе го известиле раководството на Интер.

„Нероаѕурите“ се спремни да понудат и попуст на првично договорената сума, па двата клуба се блиску до договор за трансфер „тежок“ 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…