Дербито од второто коло во Лигата на шампионите денеска ќе се одигра на стадионот „Монжуик“, каде Барселона ќе биде домаќин на еден од своите најголеми кошмари, Баерн Минхен.
Не постои тим во Европа против кој Барселона има полош учинок во меѓусебните дуели, посебно во последните пет години кога редовно се среќаваа Верувале или не, Барса и Баерн одиграле 13 натпревари, Каталонците имаат само две победи, со едно реми и дури 10 порази. Гол-разликата е на страната на Баерн со огромни 33:13, па ако судиме според тоа Баерн е голем фаворит.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска е особено интересно да се наврати колку Барселона се приближи до Баерн од историските 8:2 во Лисабон, кога на клупата на германскиот тим седеше Ханси Флик, актуелниот тренер на Каталонците. Ако се сеќавате, тоа беше сезоната на корона, кога во август се играше турнирски систем од четвртфиналето до крајот со по еден натпревар, а Баерн ја декласираше Барса на Сетиен со резултат 8:2. По два гола постигнаа Томас Милер и тогашниот играч на Барса како позајмен во Баерн – Филипе Кутињо, Перишиќ, Гнабри, Кимих и Левандовски постигнаа по еден, а Алаба си постигна автогол, преостанатиот гол за Барса беше дело на Луис Суарез. По тој натпревар, Кике Сетиен доби отказ, а Флик на Баерн подоцна му го донесе трофејот во Лигата на шампионите победувајќи го Пари Сен Жермен во финалето со 1:0.
Оттогаш ждрепката ги спои Барса и Баерн уште четири пати. Во две сезони по ред, 2021/22 и 2022/23, Баерн ја совлада Барса сите четири пати без примен гол. Со Роналд Куман на клупата, избраниците на Јулијан Нагелсман двата пати победија со идентичен резултат од 3:0. Ништо подобро не помина ниту Чави Ернандез следната есен. Вистина е, Барса на првиот меч на „Алијанц Арена“ одигра навистина добро, промаши неколку зицери, а на крајот загуби 2:0. Во последното коло мечот на „Камп Ноу“ немаше резултатско значење, откако по киксовите со Интер, Барса веќе немаше шанси да се пласира во осминафиналето пред дуелот со Баерн, а Баварците повторно славеа на „Камп Ноу“ 0:3. Кога се ќе се собере од оние 8:2 во Лисабон, Баерн има уште четири победи против Барселона со гол разлика 11:0!
Денеска веројатно ќе може да видиме колку Барса се доближила до Баерн по серијата порази. Натпреварот се игра во вообичаениот термин од 20:45 часот.
Потенцијални состави:
Барселона: Пења, Кунде, Кубарси, Иниго Мартинез, Балде, Касадо, Де Јонг, Педри, Јамал, Рафиња, Левандовски.
Баерн: Нојер, Гереиро, Упамекано, Ким, Дејвис, Кимих, Палиња, Олисе, Милер, Гнабри, Кејн