Tимот Интер не е сигурен за иднината на Франческо Ачерби по неговиот расистички инцидент со Хуан Жесус од Наполи.
Истрагата се уште трае околу зборовите кои наводно Ачерби ги користел во комуникацијата со фудбалерот на Наполи, а доколку се утврди дека Италијанецот е виновен, Интер ќе го продаде на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во случај да замине, како многу важна фигура во системот на Симоне Инзаги, ќе треба да се најде адекватна замена. Последните информации од Италија седека Ачерби може да биде заменет со Мин-џае Ким, кој летово се пресели од Наполи во Баерн Минхен за 50.000.000 евра.
Нема да биде лесно да го доведе, но во случај новиот тренер на баварскиот клуб да одлучи дека Ким не му е потребен, Интер би можел да добие попуст од Баерн. Во исто време, кога ќе се додаде дека двата клуба се во многу добри односи, ситуацијата е уште поповолна за „нероаѕурите“.
Следна опција за Интер е Крис Смолинг, за кого веруваат дека е идеална опција за формација со тројца позади. Но, тоа ќе зависи од тоа како Смолинг ќе ја заврши сезоната со Рома со оглед на тоа дека се враќа од долга повреда.