Дома Останати Тенис АТП воведува ново правило

АТП воведува ново правило

Необичното долги паузи во тоалетите или медицинските прекини во критичните моменти наскоро би можеле да станат минато во машкиот тенис.

„Ројтерс“ објави дека АТП планира да воведе построги правила поради тоа што се случуваше на УС Опен со Стефанос Циципас.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Гркот беше често критикуван поради долгите паузи кои ги имаше додека одеше во тоалет.

„Ќе има построги и поригорозни правила кога станува збор за медицински прегледи на теренот и одењето во тоалет. Се надеваме дека ова ќе почне да важи од следната година“, соопштиле од АТП.

Прашина околу целата ситуација се крена најпрво по мечот меѓу Циципас и Мареј, кој беше нервозен зашто Гркот речиси осум минути го немаше на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе…