Дома Трансфер зона Атлетико ја „краде“ големата желба на Јувентус

Атлетико ја „краде“ големата желба на Јувентус

Атлетико Мадрид започна преговори со Удинезе за ангажман на десниот бек Науел Молина, пренесуваат медиумите во Италија.

Киеран Трипие во јануари се пресели во Њукасл, па Атлетико е во потрага по десен бек и сака да го доведе Аргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Молина запиша 7 гола и 5 асистенции во Серија А, што го импресионираше Диего Симеоне. Покрај тоа, Молина има и 16 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и е меѓу играчите за кои се смета дека речиси сигурно ќе бидат во тимот за Светското првенство во Катар.

Од „Ванда Метрополитано“ се подготвени да ги задоволат финансиските барања на Удинезе за да ја победат конкуренцијата.

За Молина силен интерес покажува и Јувентус, но во моментов Атлетико е во пол-позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…