Дома Трансфер зона Атлетико спреми понуда за Хамес Родригез

Атлетико спреми понуда за Хамес Родригез

Хамес Родригез планира да го напушти Евертон ова лето, тврдат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбијскиот фудбалер пристигна на „Гудисон Парк“ во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата.

29-годишниот Колумбиец брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на Карло Анчелоти и одигра одлична сезона.

Меѓутоа, на Хамес не му се допаѓа животот на Островот и сака да ја промени средината на лето. Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.

Интерес за него покажува Атлетико Мадрид, кој го сакаше и минатотон лето, но тогаш Реал Мадрид не сакаше да го пушти во градскиот ривал.

Шпанскиот шампион спремил понуда и се очекува во наредните денови да започне преговори со англискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…