Аргентинецот ги напушти „јорганџиите“ после две години, од кои скоро една цела пропушти поради повредата на коленото.
Тимот на Атлетико Мадрид на сите можни начини се обидува да дојде до пари со кои би избегнал казни од финансискиот фер плеј, па продаваат се што можат да продадат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот фудбалер за врска, Агусто Фернандез преминува во кинескиот Пекинг Рен за оштета од 4.5 милиони евра. Тоа е само пола милион повеќе за сумата која Атлетико пред две години ја плати на Селта.
Фернандез во септември 2016 година доживеа тешка повреда на коленото, па мораше да паузира скоро една година.
Оваа сезона одигра 10 натпревари, од кои пет во Примера, но реално за него повеќе место во овој тим на Диего Симеоне немаше.