Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид ја сака ѕвездата на Сити

Атлетико Мадрид ја сака ѕвездата на Сити

Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Атлетико е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал. Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити со повисока плата.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

Симеоне сака да го убеди да се пресели во неговиот тим, но Манчестер Сити нема лесно да се откаже од Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…