Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид тргнува по Милик

Атлетико Мадрид тргнува по Милик

Аркадиуш Милик ова лето иако беше на излезна врата сепак остана во Наполи,но во јануари сигурно ќе го напушти клубот.

Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.

Симеоне е во потрага по напаѓач, особено поради фактот што Диего Коста е на излезна врата.

За Милик интерес покажува и Евертон,  но медиумите тврдат дека Полјакот веќе се договорил со „јорганџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…