Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат.
Ситуацијата будно ја следи Атлетико Мадрид кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Ванда Метрополитано“.
Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио и веќе ја подобрил понудата за турскиот репрезентативец.