Дома Фудбал Асенсио разочаран од понудата на Реал Мадрид

Асенсио разочаран од понудата на Реал Мадрид

Марко Асенсио најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, по шест сезони поминати во „кралскиот“ клуб, пренесува „Марка“.

Напаѓачот влезе во последната година од договорот и беше подготвен повторно да потпише, но не е задоволен од понудата што му ја упати раководството.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според „Марка“, Реал му понудил иста плата колку што заработува во моментов, а тоа не му се допаѓа на Шпанецот.

Асенсио верува дека заслужува поголема плата и поради оваа причина е можно да ја промени средината. Според информациите за него се заинтересирани Арсенал, Милан, Јувентус и Њукасл.

Реал нема намера да ја подобри понудата и е спремен да го продаде ова лето, а неговиот агент Жорге Мендеш веќе почнал преговори со заинтересираните клубови.

Најсилен интерес за него покажува Милан, а и Асенсио е отворен за преселба во редовите на италијанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Островот: Манчестер Јунајтед ја посакува ѕвездата на ПСЖ

Манчестер Јунајтед повторно го раздвижи фудбалскиот пазар, откако се појавија информации д…