Дома Фудбал „АС“: Никој не го видел Азар веќе три недели

„АС“: Никој не го видел Азар веќе три недели

„Нешто се случува со Азар“, пишува весникот „АС“, кој е близок до Реал Мадрид.

На 29-ти септември Еден Азар се здоби со мускулна повреда, која клубот ја објави ден подоцна. Весникот тврди дека „веќе три недели никој не го видел Азар, дури ни на индивидуалните тренинзи“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Белгиецот често е повреден откако пристигна во Мадрид, па тој досега беше на списокот со повредени цели 233 дена.

Вчера Зиндин Зидан потврди дека повредата на Азар е потешка од очекуваното, но Белгиецот веќе тренира и брзо ќе се врати на терените.

„АС“ денес фрла сомнеж на ваквите изјави и тврди дека веќе три недели Азар не се појавил во тренинг центарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги потпиша за Ал Хилал. Ќе заработува 26 милиони евра по сезона

СИМОНЕ ИНЗАГИ (49) потпиша договор за две години со Ал Хилал.. Фабрицио Романо објави дека…