Македонскиот фудбалер кој е капитен на Динамо Загреб, Арјан Адеми одби милинска понуда од Саудиска Арабија, а сега „Спортске Новости“ објави зошто го направил тоа.
Најстариот клуб во Саудиска Арабија, Ал Итихад кој од клупата е предводен од Хрватот Славен Билиќ сакаше да го види Адеми во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата изнесувала седум милиони евра на сметката на Динамо и уште толку за договор од три години на Адеми, но македонскиот фудбалер одлучил да остане во Динамо каде што ќе игра во европ на пролет во осминафиналето во Лигата на Европа.
Зошто одлучил да ги одбие милионите на клубот од Саудиска Арабија?
Имено, споменатиот медиум потенцира дека Адеми тоа го направил со цел да покаже благодарност кон клубот кој не се откажа од него во најтешките моменти. Адеми поради допинг беше суспендиран во 2015 година и не можеше да игра фудбал цели две години (од четири казната беше намалена на две). Тогаш Динамо не само што го поддржуваше Адеми, туку во тие две години редовно му исплаќаше плата.