Дома Фудбал Артур не сака да ја доигра сезоната во Барселона

Артур не сака да ја доигра сезоната во Барселона

Бразилскиот играч за врска на Барселона, Артур Мело вчера ги помина лекарските прегледи во Торини и стави потпис на договорот со Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според договорот Артур треба да ја заврши сезоната во Барселона, а потоа и официјално ќе биде претставен како нов играч на „старата дама“.

Меѓутоа, каталонските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот плејмејкер не сака да ја доигра сезоната во Барселона бидејќи е разочаран од односот на клубот и тренерот Сетиен кон него.

Артур ќе се пресели во Јувентус како дел од трампата со Миралем Пјаниќ, а „бјанконерите“ за неговиот потпис ќе доплатат уште 10 милиони евра.

Бразилецот нема да има можност да настапува за Јувентус во Лигата на шампиони во август, но според последните информации не сака да ја доигра сезоната за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид ја прифати неверојатната понуда за Хулијан Алварез!

Зад Хулијан Алварез е исклучително добра сезона во Атлетико Мадрид, како и успешно Светско…