Дома Фудбал Англија Артета стравува: Чека резултати од магнетна резонанца на еден од најважните фудбалери

Артета стравува: Чека резултати од магнетна резонанца на еден од најважните фудбалери

Aрсенал вчера беше поразен од Манчестер Сити на „Итихад“ во четвртата рунда од ФА Купот (1:0), но по овој натпревар Микел Артета доби и уште една лоша вест.

Имено, Томас Парти не го доигра натпреварот и се пожали на болки во грбот. Стравувањата се дека можеби во прашање е повреда на ребрата која би го одалечила подолг период од терените.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Парти е еден од најважните играчи во ростерот на Артета и шпанскиот стратег е во исчекување на информациите за неговата повреда.

„Томас почувствува болка во ребрата и не сакавме да ризикуваме, затоа беше заменет. Тоа што го почувствува стануваше полошо и полошо. Ќе мораме да направиме магнетна резнонанца да видиме за што станува збор“, изјави Артета по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …