Дома Трансфер зона Артета соопшти вест која навивачите долго ја очекуваа

Артета соопшти вест која навивачите долго ја очекуваа

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета денес зборуваше за припремите за новата сезона и потенцијалните нови засилувања.

Арсенал веќе успеа да го доведе Вилијан, но сега главна цел на „топџиите“ е Пјер Емерик Обамејанг да потпише нов договор.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Артета денес ги израдува навивачите на лондонскиот клуб и потврди дека Обамејанг сигурно останува на „Емирати“ и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

„Знам дека преговорите траат веќе неколку месеци и засега се е добро. Можам да потврдам дека Обамејанг сигурно ќе остане со нас бидејќи е само прашање на време кога ќе стави потпис на новиот договор“, потврди Артета.

Арсенал ова лето ќе направи неколку промени во играчкиот кадар, но Артета не сакаше да зборува за трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…