Примарна цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновот име на списокот е Тами Абрахам.




Aнглискиот напаѓач направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.




Најсилен интерес за Абрахам покажува Арсенал, но Рома нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за слободата бара 100 милиони фунти.




Арсенал наводно е спремен да плати 80 милиони фунти за Англичанецот, но трансферот може да зависи од тоа дали „топџиите“ ќе играат во Лига на шампиони следната сезона.