Дома Трансфер зона Арсенал спреми 50 милиони за бразилската ѕвезда

Арсенал спреми 50 милиони за бразилската ѕвезда

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде квалитетно засилување во средниот ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголема желба на „топџиите“ е бразилскиот репрезентативец и член на Лион, Лукас Пакета, за кого силен интерес покажува и Њукасл.

24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и е стандарден бразилски репрезентативец, па сака да направи чекор напред во кариерата.

Артета верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, но ќе треба да ја победат конкуренцијата, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Лион за неговата слобода бара 50 милиони евра, бидејќи 15% од правата на играчот се уште ги има Милан, а Арсенал наводно е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…