Откако веќе потпишаа со напаѓачот Габриел Жесус, Арсенал работи и на втор трансфер од Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Атлетик“, двата клуба веќе започнале преговори Олександр Зинченко. „Граѓаните“ се подготвени да се разделат со Украинецот доколку добијат соодветна понуда.
Микел Артета добро го познава Зинченко од неговото време како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
„Граѓаните“ планираат да доведат нов лев бек, Марк Кукуреја од Брајтон, па поради тоа се спремни да се разделат со Зинченко.
Украинецот веќе дал зелено светло за трансферот, па останува двата клуба да ја договорат отштетата.