Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Манчестер Сити се силно заинтересирани за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.




Англиските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз и сега се спремни да преземат конкретни чекори за негов ангажман.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па влезе во последната година од договорот, а нема најави за негово продолжување.




Поради тоа Наполи е спремен да го продаде ова лето за 30 милиони евра, а и самиот играч сака да направи чекор напред во кариерата.
Гвардиола и Артета бараат засилување за средниот ред и ќе водат битка за неговиот потпис ова лето.