Дома Фудбал ФИФА објави нова листа: Познато на кое место Македонија ќе ја заврши годината

ФИФА објави нова листа: Познато на кое место Македонија ќе ја заврши годината

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа на репрезентации, а македонската фудбалска селекција забележа мал чекор наназад. „Црвено-жолтите“ паднаа за една позиција и сега се наоѓаат на 66. место со вкупно 1.378 поени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Падот доаѓа по слабите резултати во последниот период. Минатиот месец Македонија одигра без голови (0:0) во пријателски натпревар против Летонија во Скопје, а во завршниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026 претрпе тежок пораз од Велс со 7:1 во Кардиф. Токму по овој дебакл, селекторот Благоја Милевски се повлече од функцијата и на негово место беше наазначен Гоце Седлоски кој ќе ја води Македонија во март.

На врвот на ФИФА ранг-листата нема промени. Шпанија и понатаму е лидер со 1.877 поени, пред Аргентина на втората позиција и Франција на третото место. Англија се наоѓа на четвртата позиција, додека Бразил ја заокружува првата петорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал тргна по капитенот на голем ривал: На маса е понуда од 70 милиони фунти!

Бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш сака да се приклучи на актуелниот шампион на Ан…