Арсенал би можел да го ангажира голгетерот на Борнмут, Доминик Соланке, тврдат медиумите на Островот.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул минатата сезона постигна 19 гола и запиша три асистенции,па е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсенал е во потрага по нов напаѓач, а најново име во списокот на Артета е токму Соланке и верува дека идеално ќе есе вклопи во неговиот стил на игра.
Во договорот на Соланке со Бурнмаут има ослободителна клаузула која е во висина од 65 милиони фунти, а Арсенал наводно е спремен да ја плати.