Дома Трансфер зона Арсенал го брка најскапото засилување

Арсенал го брка најскапото засилување

Арсенал сака да се ослободи од Николас Пепе и му порача на фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска дека повеќе нема да смета на него.

Пепе во 2019 година пристигна во Арсенал како најскапо засилување во историјата за 80 милиони фунти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој никогаш не ги оправда очекувањата на Емирати и минатата сезона беше испратен на позајмица во Ница.

Британските медиуми пишуваат дека управата на Арсенал е лута на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска што ги одбил понудите од Саудиска Арабија.

Арсенал му порача дека не смета на него, силен интерес за Пепе покажува Трабзонспор, а трансфер пазарот во Турција е отворен до утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…