Навивачите се незадоволни, Венгер би можел да го напушти клубот, но управата наводно е решена да му обезбеди уште едно засилување, па дури и да го променат тренерот на крајот на сезоната.
На радарот на клубот е 24-годишниот дефанзивец на ПСЖ, Лејвин Курзава. Управата на „Топчиите“ е наводно импресионирана од квалитетот на поранешниот фудбалер на Монако, па се решени да го ангажираат и така да го решат проблемот кој го имаат во одбраната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
ПСЖ наводно својот бек го цени 20 милиони евра, иако на Монако го платија пет милиони евра, но сепак, ова изгледа како пристапна цена за екипата од „Емирати“.