Дома Останати Тенис АО: Федерер го збриша Американецот Фриц за осминафинале

АО: Федерер го збриша Американецот Фриц за осминафинале

Шесткратниот шампион на Австралија Опен рано утрово се пласираше во осминафиналето на првиот Грен слем во сеозоната.

Федерер го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:0 во сетови (6:2, 7:5, 6:2).

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


До победата над 21 годишниот Американец, Роџер стигна за помалку од 90 минути игра, а на патот до победата изгуби само три поени на свој сервис.

Швајцарецот во осминафиналето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас кој во третото коло беше подобар од Николз Башиашвили од Грузија со 3:1 (6:3, 3:6, 7:6, 6:4).
Ова Ќе биде прв меч помеѓу Федерер и Циципас.

Во четврото коло пласман обезбеди и Чехот, Томас Бердих кој славеше протв Аргентинецот, Диего Шварцман во четири сета (5:7, 6:3, 7:5, 6:4). Тој ќе игра против подобриот од Надал и Алекс Де Минуар.

Григор Димитров беше подобар од Томас Фабијан со 7:6, 6:4 и 6:4. Во следното коло тој ќе игра против Френсис Тиафо кој во маратонски меч со 3:2 го победи Андреас Сепи со 3:2 (6:7, 6:3, 4:6, 6:4, 6:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…