Дома Фудбал Анчелоти: Малкумина веруваа дека ќе одржам прес пред полуфинале

Анчелоти: Малкумина веруваа дека ќе одржам прес пред полуфинале

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше на прес-конференцијата во пресрет на првото полуфинале против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. 

Искусниот тренер беше искрен и на новинарите им  се обрати дека малкумина верувале  дека неговиот  тим ќе стигне до оваа фаза.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Малкумина очекуваа дека ќе бидам на оваа прес-конференција“, прокоментира Анчелоти, кој своевремено  доби отказ во Баерн.

„Минатото останува во нашите убави спомени, но утре ќе биде друга приказна. Тоа ќе биде прв натпревар од полуфиналето. Сигурни сме, но играме против силен противник. Пред сè, среќни сме што сме тука, и се надеваме дека повторно ќе играме во финалето. Чекаме 180 минути, а не 90“.

„Ние и Баерн сме слични по тоа што во моментов двата тима немаат јасен идентитет на теренот. Можеме да играме на различни начини. За натпреварот не сум планирал ништо посебно на тактички план. Ќе игра Чуамени, но не знам на која позиција. Милитао е здрав и достапен исто така. Треба да бидеме внимателни, добро да се браниме, да не дозволуваме контранапади и успешно да напаѓаме. Кога си во полуфинале, мора постојано да бидеш на врвно ниво“, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Руни ја заклучил својата сопруга поради Ливерпул!

Пред саботниот Мерсисајд дерби, легендарниот Вејн Руни, кој израсна како навивач на Еверто…